Фудбал
24. July 2016 - 16:46

Зенит е победникот на Суперкупот на Русија

 
 
Eкипата на Зенит Санкт Петерсбург е освојувач на фудбалскиот Суперкуп на Русија.
 
Зенит кој во мај месец го освои националниот куп го победи шампионот ЦСКА Москва со 1:0 и триумфирање во Суперкупот, кој доаѓа како најава на претстојната сезона во Русија, која стартува следниот викенд. 
 
Стрепец на победничкиот гол за Зенит беше Бразилецот, Маурисио во 22. минута од натпреварот кој се играше во Москва.
 
За составот на Зенит на чија клупа дебитираше романскиот стратег Мирчеа Луческу ова е четврти трофеј во рускиот Суперкуп (2008, 2011 и 2015). ЦСКА Москва сеуште е најуспешна со шест трофеи во ова натпреварување, а по два имаат Рубин Казан и Локомотив Москва.