Зендели: Ќе го поддржиме предлогот, ама требаше да се предложи и тргање на „20 отсто Албанци“ од Уставот
Пратеникот Фадил Зендели од Беса на Комисијата за уставни прашања кажа дека тој и неговата колешка ќе поддржат уставни измени, но исто така повторно се заложи за нивното барање за тргање на „20 отсто“ Албанци од Уставот.
Зендели праша зошто токму сега дојде иницијативата во Собранието кога толку долго време се чекаше се зборуваше за неа и ако Владата беше посветена на европската агенда. Според него, со еден збор ова е купување на време за да се одолговлекува нивниот мандат.
Зборувајќи за Преамбулата, рече дека нема ништо против припадници на други етнички заедници да бидат ставени во неа и да бидат рамноправни.
-Со внесување на другите ентитети овде се губи значењето на нас како Албанци во оваа Прембула. Ние како движење Беса немаме проблем за внесување на Бугарите во Уставот, но дебатата може да предизвика поделби во општеството. Дел од дебатата требаше да биде и прашањето за 20 отсто, рече пратеникот на Беса.
Потсети дека за ова нивно барање Беса не добила ниту еден одговор од институциите, и оцени дека тоа е недостиг на почитување кон политичките субјекти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет