Земон: Барањето на Беса не го загрозува македонскиот идентитет

За првпат во историјата на независна Република Македонија и „другите“ етнички заедници застапени во преамбулата на Уставот ќе имаат пратеник, кој јавно ќе ги брани нивните запоставени интереси во изминатите 28 години, изјави на денешната прес конференција во Собранието на РМ, новиот пратеник Рубин Земон, кој доаѓа од редовите на Еѓипќаните.
-Во нашето општество и политички живот има многу горливи проблеми. Еден од приоритетите на моето делување во Собранието ќе биде покревање на свеста на политичките субјекти и наметнување на политиките на општествена правда и општествената кохезија, со кои треба да се намали влијанието на етноцентристичките и етнократските парадигми, што предолго влијателно опстојуваат во нашиот јавен живот. Тие се една од главните препреки за развојот на нашето општество во секоја смисла, благосостојбата на граѓаните со мирен и спокен развој. Македонија не смее да биде генератор на дискриминација и исклучување или, пак, одделување како граѓани од прв, втор, трет или четврт ред, изјави Земон на прес конференцијата.
Тој смета дека барањето на БЕСА за интервенција во уставните амандмани не го загрозува македонскиот идентитет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
