Земјотресите во Турција ги предизвикале потресите во Скопје?
Скопје два дена не престана да се тресе, а сето тоа создаде паника кај жителите. По земјотресите во понеделникот, меѓу кои беше и оној со јачина од 5 степени кој ги вознемири скопјани, вчера последниот земјотрес беше во 20 часот со јачина од 4 степени. Имало и серија помали земјотреси кои не биле почувствувани.
Од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, велат дека земјотресите се последица од судирите меѓу африканската плоча која тргнала кон европската.
- Земјотреси има многу често, но не сите се чувствуваат бидејќи не се јаки. Ова е последица на судирањето на двете плочи, објаснува Драгана Черних Анастасовска за Дневник и додава дека точната линија на судирите може да се види само од земјотресите кои се јавуваат во Западна Турција, се до северен Балкан.
Како што објаснува Черних, создавањето кора од магма од вулканите и подвлекувањето на едно плоча под друга, се главните виновници за потресите.
Најмногу потреси има на Медитеранот, а прва на удар е Грција. Потреси има и во Албанија, Турција, Бугарија, а се јавуваат кога има триење на плочата и борба на блоковите. Тогаш се јавува расед меѓу двата блока и и кога не можат да ги издржат напрегањата, настанува земјотрес.
Ново на Сител
-
Собранието за утре закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар