Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле, нема штети и опасност од цунами
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровсата скала денеска ги протресе зградите во чилеанската престолнина Сантјаго и предизвика паника кај населнието, но, според властите, засега нема информации за евентуални штети, јавија светските агенции.
Според чилеанската служба за вонредни ситуации, станува збор за „голем“ сеизмички настан што го зафатил регионот на престолнината и целиот централен дел на ова јужноамериканска земја.
Според американскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил на околу 45 километри североисточно од градот Талка и југоисточно од Сантјаго, а бил на длабочина од околу 90 километри.
Првично Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар јачината на потресот ја оцени со 6,1 степени, но подоцна центарот ја зголеми неговата првична оценка.
Командата на чилеанската военопоморска флота соопшти дека нема основаност да се очекува цунами долж чилеанското крајбрежје.
Ново на Сител
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск