-->
-->
Земјотрес со јачина од 4,8 степени регистриран на грчкиот полуостров Пелопонез
-->
Земјотрес со јачина од 4,8 степени, рано утрово беше регистриран во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, според податоците од Геодинамичкиот институт, јави дописничката на МИА од Атина.
Епицентарот бил во морскиот дел североисточно од градот Леонидио, а земјотресот беше почувствуван и во Атина. Засега, нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.
Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека е сè уште рано да се каже дали е главниот земјотрес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг