Балкан
3. April 2024 - 8:49

Земјотрес со јачина од 4,3 степени регистриран во Црна Гора

Земјотресот бил почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Нема повредени или штети.

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Црна Гора, соопшти црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија, цитиран од црногорските медиуми.

Според податоците на Одделот за сеизмологија при Институтот, земјотресот е регистриран во 21:07 часот по локално време. Епицентарот е на четири километри западно од црногорската западна населба Чараџе. Следеа три земјотреси со јачина од 2, 2,3 и 2,8 степени.

Епицентарот бил на длабочина од 13 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Нема повредени или штети.