Балкан
25. January 2021 - 13:48

Земјотрес со јачина од 3,3 степени го погоди Крагуевац

Во 11:51 часот регистриран е земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во регионот на Крагуевац.

Интензитетот во епицентарот бил проценет на 5-ти степен од Меркалиева скала, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки институт.

Земјотресите со овој интензитет можат да предизвикаат многу малку штета на зградите во епицентралното подрачје.

 Немало штети во зградите и други материјални штети, но земјотресот ги вознемирил граѓаните.

Граѓаните на Крагуевац го почувствуваа земјотресот во повеќето населени места во градот, како и во предградијата, но и на територијата на општина Баточина. За среќа никој не е повреден, а земјотресот особено ги вознемири граѓаните на горните катови, кои велат дека зградите буквално се лулале.

Ново на Сител