Македонија
1. January 2025 - 10:59

Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот во Албанија

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во соседна Албанија на 80 километри од Скопје со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината.