-->
-->
Земјотрес од 5,4 степени на планинскиот врв Еверест
-->
Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала е регистриран во близина на планинскиот врв Еверест, соопшти американскиот Геофизички институт.
Потресот ги вознемирил граѓаните на Непал, кој се уште ги чувствува последиците од катастрофалниот земјотрес минатата година. Во Катманду жителите ги напуштиле своите домови.
Непалскиот сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот се наоѓал на 120 километри источно од главниот град Катманду.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета матерјална штета.
Во минатогодишниот земјотрес загинаа околу девет илјади луѓе, а над 22.000 беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места