Свет
20. October 2016 - 8:14

Земјотрес од 5,3 степени североисточно од Токио

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени беше регистриран денеска североисточно од Токио.

Епицентарот бил на север од префектурата Тиба на длабочина од 40 км. Нема засега информации за жртви или материјална штета ниту опасност од цунами.

Движењето на брзите возови во цела Јапонија беше  времено прекинато по земјотресот.