Земјотрес ги разбуди струмичани и штипјани
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 26.04.2023 година регистрираше два земјотреси од кои првиот 120 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе - Штип, информираат од Сеизмолошката опсерваторија Скопје.
Како што информираат оттаму, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотресот се случи во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и беше почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и беше почувствуван од населението во Штип и околината.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник