Земјоделскиот институт бара да се испита дали ГМО оризот е произведен во Кочани
Земјоделскиот институт од Скопје бара целосно испитување на случајот со ГМО оризот во Македонија, односно дали тој е увезен, а ако е домашен производ да се утврди кој и од кое семе го произвел.
Од оваа институција излегоа со тврдење дека најверојатно се работи за нелегално внесени количини, затоа што ниедна сорта што се произведува во нашата земја, главно во Кочанско, не се генетски модифицирани, туку се создадени со класични методи за вкрстување.
- Информацијата што Агенцијата за храна и ветеринарство ја пласираше во јавноста треба докрај да се испита. Тврдам дека сите сорти кои што се одгледуваат на територијата на Македонија, а главен производствен регион е кочанскиот, се дозволени за производство, а сортите на европската листа кои што се внесуваат во нашата држава не се ГМО. Кај нас се одгледуваат италијански, турските и домашни сорти произведени по класични методи за создавање на нови сорти, поради што не треба да има паника меѓу земјоделците и потрошувачите, истакна професорот Добре Андов од Земјоделскиот институт во Скопје.
Според Андов, откриените 500 килограми ГМО ориз се изолиран случај на Агенцијата за храна и ветеринарство, а со современите методи лесно може да се утврди дали некоја храна е генетски модифицирана. Поголем проблем е да се утврди потеклото и кој ја издал дозволата за увоз.
Деновиве Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека пронашла два производа со генетски модифицирани организми, од кои едниот е семенски материјал користен за производство на ориз во Кочани, а другиот шницли од соја од Виталиа, увезени од Србија.
Ново на Сител
-
Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед
-
УХМР: Следните два дена облачно, во среда слаб локален дожд
-
Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво
-
Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот
-
Норвешка ќе купи американски противвоздушни ракети за 362 милиони долари
-
Дојави за поставени бомби во неколку сараевски средни училишта
-
Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција
-
Мицкоски за писмото од Ахмети: Не сум го видел - дневно добивам многу писма од граѓани