Бизнис
8. November 2018 - 19:20

Земјоделците збунети од даночната реформа

Најавата за прогресивниот данок ги збуни земјоделците. Дали и тие влегуваат во групата на граѓани кои ќе треба да го плаќаат данокот, ќе се пресметува врз основа на приходите на месечно или на годишно ниво, ова се само дел од прашањата кои деновиве си ги поставуваат голем дел од земјоделските производители , а за кои немаат конкретен одговор. Велат до нив доаѓаат различни верзии и толкувања,  но ниту една не е официјална.  

Според Драги Памуков од здружението Кукла градинар од Куклиш и покрај тоа што воведувањето на прогресивниот данок  било најавувано подолго време сето ова за нив е многу брзо , а притоа не била организирана ниту една средба или јавна дебата во која ќе биде вклучен и земјоделскиот сектор.

,, Земјоделците многу лесно можат сега да поминуваат дам милион денари. Ако се собира тоа на целокупниот приход на годишно ниво земјоделецот многу лесно може да помине над милион денари, а расходот ни е многу високи цени на репроматеријалите значи за нив не останува ништо, а на крај може да бидат оданочени со оној највисокиот данок. Значи проблемот е во тоа што земјоделците стравуваат да не имаат поголеми даноци. Оти овие лоши години кои се наназад во кои луѓето не можат да преживуваат, а не пак и дополнителни повисоки даноци, тоа е проблематично.,, вели Драги Памиков, З.Г Кукла градинар - Куклеш. 

За да нема забуни и дилеми земјоделците очекуваат надлежните институции јавно или на трибини да ги презентираат измените за данокот и да им објаснат дали и во кој дел и тие ќе бидат опфатени со истиот.