Земјоделците задоволни од откупната цена на „ајварката“
Земјоделците се задоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“. На пазарот на големо во Струмица се откупува од 25 до 40 денари за килограм, а преработувачките капацитети ја откупуваат исчистена за 23 денари за килограм. На пазарите на мало, пак, цената достигнува и над 50 денари за килограм.
Според производителите, високите откупни цени пред крајот на бербата на пиперката „ајварка“ се должат на зголемената побарувачка, но и поради тоа што мината недела врз дел од посевите на отворено падна слана.
-Иако бербата на „ајварката“ е пред крај и ја има само под пластеници, сепак, мора да се каже дека од овие откупни цени земјоделците се задоволни. Во најголем дел од сезоната таа се откупуваше по 15 денари за килограм што не беше воопшто исплатливо за нас, вели Гончо Божиков, земјоделец од село Дабиле.
Откупувачите велат дека пиперките со послаб квалитет се откупуваат од 18 до 20 денари за килограм, додека поквалитетните од 30 до 35 денари за килограм, посебно тие што се наменети за големите маркети.
- Јас се согласувам со земјоделците откупната цена на пиперката „ајварка“ да не падне под 30 денари за килограм, како што е сега. Но, не може да се оди против односот на понудата и поварувачката. Сега има побарувачка за оваа пиперка и тоа е добро, но во текот на целата сезона земјоделците треба да имаат откупна зена од која ќе бидат задоволни, вели Ацо Стоилков, од компанијата „Мак Смоларски ној“.
Од година во година површините засадени на отворено со пиперка „ајварка“ од сортата „куртовска капија“ се намалуваат. Растат тие под пластеници, бидејќи автохтоната сорта ја има се помалку, а таа се заменува со други сорти.
Годинава производството на оваа сорта пиперка е намалено за 10 илјади тони во споредба со лани кога родот тежел скоро 60 илјади тони.
Ново на Сител
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем