Земјоделците во паника од евентуалното руско ембарго, поради протерување на руски дипломат од земјава
Македонските земјоделци во грч. Пред стартот на сезоната исплашени се од најавениот руски одговор. Дали тој ќе значи ембарго за увоз на македонски производи? Дури 60% од вкупните колични овошје и зеленчук завршува на рускиот пазар. Откупувачите за Сител велат дека ако евентуално рускиот пазар се затвори, цените на сите производи драстично ќе паднат, а алатернативен пазар засега немаат.
По протерувањето на еден руски дипломат од земјава, руската амбасада најави целосната одговорност за последиците ќе ги сноси македонската страна. Дали тоа значи економски последици, засега е неизвесно.
Русија влегува во групата 20 земји со кои Макеоднија има најголема тргвоска размена. Лани таа надминала 200 милиони долари. Дефицитот е на мкедонска страна, но извозот минатата година се зголемил за 10% споредено со претходната.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар