Бизнис
4. November 2018 - 17:07

Земјоделците се жалат, немаат средства да ги платата машините па да чекаат поврат на парите

Земјоделците од руралната општина Чешиново-Облешево бараат поедноставување на процедурата при апликација за средства од ИПАРД 2 програмата, наменети за набавка на земјоделска механизација. Според досегашното искуство од претходните повици, уредно ги собрале документите, ги исполниле сите услови, а потоа биле одбиени.

- Ќе ги поднесеш сите документи. Луѓето кои ги проверуват документите ќе ти кажат дека се е во ред и кога ќе дојде време да се одлучи дали добиваш или не добиваш, од тие барем јас што ги знам, ниту еден не доби

Втор проблем е тоа што, иако програмата предвидува поврат на 60% од инвестицијата, земјоделите не се финансиски моќни однапред да го платат целиот износ, па да чекаат да им се врати.

- Во минатиот период се предвидуваше некаков гарантен фонд за земјоделците преку кој ќе можат да набават средства со минимална камата за да можат да инвестираат

Деновиве се очекува да излезе јавниот повик од ИПАРД 2 програмата, преку која на македонските земјоделци ќе им бидат на располагање околу 60 милиони евра.