Бизнис
13. April 2018 - 19:41

Земјоделците се повеќе произведуваат органски производи, за кои има сигурен пласман

Побарувачката на европскиот пазар се повеќе ги иницира индивидуалните земјоделци, но и правните лица кои се занимаваат со производство и преработка на земјоделски производи, да се преориентираат од конвенционално, во органско производство.  Пазарот на органски производи е вториот најбрзо растечки пазар на глобално ниво, а македонската органска храна е конкурентна и со цена и со квалитет.

- Пазарите европски бараат органски производи и се она што можеме да го произведеме се заинтересирани да го откупат-изјави ГАБРИЕЛА МИЦЕВСКА, СВИС КОНТАКТ, ПРОГРАМА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПАЗАРНАТА ВРАБОТЛИВОСТ.

Ако до пред некоја година, главна мотивација за земјоделците да се трансформираат во органски производители им беа двојно поголемите субвенции од државата, емпириските показатели укажуваат дека сега главна причина е сигурниот пласман. Жаклина Филипова од агро фирма од виничкото село Блатец, вели дека, нивната компанија покрај со производство на органски цреши, од годинава ќе се занимава и со одгледување и преработка на органски сертифицирани пиперки. Главен предуслов за отпочнување е добрата едукативна подготовка.

- Едукацијата е најважна. Треда да се информираме, да знаеме што и како, инаку не е тешко откако ќе се влезе во тој контекст на производство-изјави ЖАКЛИНА ФИЛИПОВА, АГРО КОМПАНИЈА, С. БЛАТЕЦ, ВИНИЧКО.

Лидери во Европа во производство на здрава храна без употреба на вештачки ѓубрива и пестициди се Швајцарија и Данска, кои се стремат во блиска иднина 100 % од земјоделските производи да бидат од органско потекло.