Бизнис
8. May 2017 - 20:24

Земјоделците сакаат да користат дронови

Расте интересот кај земјоделците за користење на дронови. Според  нив примената на современа опрема  драстично ќе им ги  намали  трошоците и времето за работа. Од сојузот на стопански комори велат дека освен во агро бизнисот ќе се работи и на воведување на светските трндови и во другите сектори , индустријата и туризмот кои  значително ќе помогнат за  намалување на  цената на крајниот производ.

Од цивилно воздухопловство велат дека на компаниите на располагање им стојат пари од ЕБОР  како помош за зголемување на конкуренцијата на проектите во јавниот сектор.

За стопанството, агенцијата за цивилн воздухопловство е значаен партнер во реазлиацијата на нивните бизнис планови.