Земјоделците побараа измени во Законот за продажба на државното земјоделско земјиште
Земјоделското земјиште ќе го купат богатите. Земјоделците сметаат дека постоечкото законско решение за продажба на државно змејоделско земјиште не е добро и дека низ јавни расправи треба да се дојде до подобар текст за закон. Најдобро решение би било кога сите граѓани на Македoнија би добиле дел од државната земја која може, а не се обработува.
Според предлог законот, земјоделското земјиште 10 години по купувањето ќе може да се пренамени во градежно. Според земјоделците, овој рок е многу краток.
Министерот вели дека предност за купување на земјиштето ќе имаат постоечките закупци, пред се малите и младите земјоделци кои на овој начи ќе добијат поголеми површини за работа. Во однос на пренамената, Хоџа уверува дека за инвеститорите кои 10 години ќе вложуваат согласно бизнис плановите нема да им биде исплатливо да вршат пренамена на земјата во градежна. Ако не ги реализираат плановите, ќе бидат и казнувани. А ваквото решение, всушност оневозможува површините веднаш да станат градежни парцели.
41% од земјоделското земјиште во Македонија е државно, а над 100.000 хектари од него во моментов стојат неупотребени.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар