Македонија
7. September 2020 - 12:39

Земјоделците од Василево бараат двојни субвенции

Двојно субвенционирање за површините на кои во текот кои на една година се произведуваат две култури. Ова го предлагаат од сојузот синдикат на земјоделски производители од Василево. Од здружението велат, голем дел од градинарските производители во текот на една сезона  на иста површина произведуваат и по две различни култури,една на пролет, друга на есен,  но добиваат субвенции само за површината. Двојното производство значи двојно поголеми трошоци, но и повеќе работа, велат од сојузот и затоа предлагаат модел кој ќе им помогне на земјоделците, но и ќе ги мотивира за унапредување и зголемување на нивното производството.

Од здружението сојуз синдикат велат дека ваквиот модел ќе биде многу значен пред се за малите земјоделци кои имаат површина најмногу до 1 до хектар. Се надеваат дека нивниот предлог ќе биде земен во предвид од новата влада, а пред се од ресорното министерство.

Во моментов градинарите за нивното производство од државата добиваат субвенции за посадени површини, но се субвенционира и секој килограм производството предаден во домашните преработувачки капацитети.