Македонија
20. July 2023 - 12:37

Земјоделците од општина Ново Село повеќе од една година чекаат обесштетување од минатогодишното невреме

Скоро една година и два месеци земјоделците од општина Ново Село чекаат обесштетување од минатогодишното мајско невреме кога град им ги зафати посевите. Најпогодени беа селата под Беласица каде цели ниви претежно со бостан, диња, овошни насади и зелка беа целосно уништени. Реагираат бидејќи лани останале и без производство, но и без поддршка од државта.

Според елаборатот на општинската комисија за проценка на штети во Ново Село се работи 163 земјоделци од десет населени места кај кои е констатирана штета во висина од 41 милион денари.

Од Министерството за земјоделие информираа дека постапката поврзана со штетите во Ново Село траела подолго бидејќи надлежната комисија утврдила некомплетна документација за што од општината побарала дополнување на истата. На почетокот од овој месец е доставена коригирана документација по што е утврдено дека предметот за Ново Село е комплетен. Оваа информација веќе е доставена до влада која треба да одлучува за висината на обесштетувањето согласно утврдената методологија.