Земјоделците од Кумановско заинтересирани за закуп на државно земјиште до три хектари

Голем е интересот на земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане за закуп на државно земјиште до три хектари, информираа денеска од регионалната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Досега, соопштија, поднесени се над триесетина апликации, но се очекува оваа бројка двојно да се зголеми.
- Интересот за овој јавен повик е доста голем, секој ден доаѓаат луѓе, се консултираат кои документи се потребни. Процедурата не бара кој знае колку документи. Меѓу посериозните е елаборатот за земјиштето за кое се аплицира. Во Куманово се поднесени над 30 апликации. Очекуваме да има уште толку, бидејќи интересот е голем и не е тешко да се исполнат условите, изјави раководителот на регионалната канцеларија, Џабир Рамадани.
Еднаков е интересот на земјоделците од трите општини и, како што додаде Рамадани, исклучително повисок во однос на претпријатијата.
Максимум три хектари е површината за која еден понудувач може самостојно да аплицира со геодетски елаборат. Повикот завршува на 22 јануари годинава.
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
