Земјоделците можат да аплицираат за поврат на парите вложени во нови насади
Секој земјоделец, кој од 1 септември до 31 декември минатата година, подигнал нов лозов или овошен насад, ароматични растенија и медоносна флора, ќе може да аплицира да му се вратат дел од вложените средства.
Отворениот оглас на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој ги опфаќа и сточарите кои набавиле педигрирани високо стелни јуници, овци и кози од увоз или од признати организации, согласно Законот за сточарство.
Апликантите треба да поднесат барање во електронска форма, но и да ги скенираат сите документи со кои ги потврдуваат направените трошоци.
-Електронски вршиме апликација да биде исплатено ко-финансирањето, кое што изнесува 50 % од вложената набавка и може да оди до 70 %, во зависност од тоа дали се работи за млад земјоделец и каде се наоѓа земјоделското стопанство-изјави Bалентин Захариев, АПРЗ- Кочани.
Младите земјоделци добиваат дополнителни 5%, а исто толку и ако земјоделското стопанство е во рурална средина. Барањата ќе им бидат одбиени на оние апликанти кои во изминатите 5 години набавиле трактор преку ИПАРД или пак им бил извршен поврат на средства за нови насади преку истата Програма.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар