Бизнис
8. July 2015 - 20:04

Земјоделците мора да го адаптираат производството кон климатските промени

Адаптирањето на земјоделското производство кон климатските промени е неминовно. Доколку не се направи  адаптација тие   ќе се одразат на неговиот квалитет, но и на целокупното производство на храна.

Мрежата за рурален развој  веќе подолго време предупредува дека климатскиоте промени се наша реалност и доколку земјоделците не ги преземат неоходните заштитни мерки ќе трпат големи штети. 

За таа цел мрежата со поддршка на УСАИД реализира проект кој има за цел да ги информира, но и едуцира земјоделските производители како да се  прилагодат на климатските промени, а на тој начин и да го заштитат нивното производство.

-Во цела Македонија се чувствуваат последиците од климатските промени. Дури и во сточарството работиме на промовирање на такви техники. Во градинарството тоа го правиме веќе трета година. Дефинитивно нашите земјоделци ќе треба да започнат, има многу што се веќе започнати со таквите мерки. Тоа им го овозможуваат секако и финансиите кои што ги обезбедува министерството за земјоделство дали преку ИПАРД програмата, дали преку националната програма, вели Весела Ламбевска Домазетова – мрежа за рурален развој

Фармерите кои веќе ги започнале промените и направиле  адаптацијата на нивното производство велат дека добиле одлични резултати.

-Со поставувањето на мулч фолијата и со поставувањето на заштитните мрежи и третирањето со габата триходерма приносите дефинитивно се зголемени за неколку пати, па да кажеме за 30 до 40 проценти, вели Томе Тимов – фармер

Мрежата за рурален развој проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени започна да го реализира во април 2012 година. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да го зачуваат нивото на проход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.