Бизнис
7. February 2018 - 20:24

Земјоделците ја чекаат зелената нафта, за да имаат поисплатливо производство

За околу два месеци се очекува да стартува примената на мерката за зелена нафта за земјоделците. Оваа долгоочекувана субвенција  за земјоделсите производители треба да донесе поевтин дизел за 50%.  Од здружението Еко градинар  велат дека ваквата мерка за нив е многу значајна бидејќи со години производствените трошоци им растат, а цените на нивните производи остануваат исти или пак паѓаат. Воведувањето на зелената нафта ќе биде и ублажување на ударот од зголемената акциза за горивото.

,, Мерката за зелената нафта и тоа како е потребна и мислам дека до сега требаше да биде во реализација, меѓутоа  од икс причини не беше спроведено. Сега со покачувањето на акцизата ќе биде добредојдена оваа мерка за земјоделските производители. Цените  на нашите производи фрапантно паѓаат . Толку се ниски што нема никаква калкулација. Куртовската капија се продаваше за пет денари за килограм,  краставиците се продаваа по три денари за килограм. Од тука тргнувам, а и се помасовен е одливот на наши млади земјоделци во странство.,, вели Ванчо Митев од здружението Еко градинар од Добрејци

Од еко градинар велат дека мерката  за зелена нафта е добра и ќе ублажи дел од трошоците. Но, тие се се надеваат дека државата ќе има слух и за останатите проблеми со кои се соочуваат. Очекуваат  средба  помеѓу надлежнте институции и земјоделските здруженија за да може да се раговара и за другите проблеми како што се високите цени на семенскиот материјал, вештачките ѓубрива, но и нерегулираното пензиско осигурување на голем дел од земјоделските производители.