Македонија
8. March 2021 - 12:28

Земјоделците ги продаваат своите производи преку „Домашно.мк“

Поради пандемијата и губењето на традиционалните пазари дигиталната платформа „Домашно.мк“, креирана од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, а за помош на земјоделците, станува нов препознатлив земјоделски бренд за Пелагонија. Ова е единствена платформа од ваков вид во Македонија преку која земјдоделците може да ги продаваат своите производи, а граѓаните може да си набават трардиционална и здрава храна. Од октомври до денес имале над 100 порачки од граѓаните, а доставата на истите на територија на град Прилеп е бесплатна.

„Се надевам дека нашиот успех и оваа иницијатива ќе се реплицира и во другите региони на Македонија се со цел да им помогнеме на локалните производители, но и исто така да им обезбедиме на нашите купувачи пристап до здрави, квалитетни и креативни производи. Самата платформа има систем за електронско плаќање во согласност со законот за Е трговија и станавме верифиикуван Е трговец“, рече Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

На домашно.мк може да најдете буквално се од овошје, зеленчук, сирење, месни производи, џемови, домашно произведени ликери. Од платформата ги повикуваат на неа да се регистрираат сите земјоделци кои сакаат да продаваат преку интернет.

„Нудиме бесплатни обуки како да се регистрираат имаме изготвено и водич за тоа како да се регистрираат. Платформата е многу едноставна за регистрирање, така што оние произведувачи кои сакаат да понудат производи ги охрабруваме слободно да пробаат да се регистрираат, ако имаат некои проблеми ние сме тука на располагање да им помогнеме“, додаде Тошеска.

Во пресрет на празникот 8 март преку Домашно.мк се продаваа и цвеќиња направени во Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, а средствата од продажбата ќе бидат наменети како помош за Центарот.