Бизнис
21. September 2018 - 19:37

Земјоделците ги добија првите пари од ИПАРД два програмата

Исплатени се парите од првите 10 догоори од ИПАРД 2 програмата во вредност од 26.000 евра. Платежната агенција со земјоделците во првиот оглас од оваа програма потпиша околу 900 договори во вредност од 15,5 милиони евра, од кои 11,7 милиони се од европските фондови.

-Ова покажува дека со здружени сили со посветеност со јакнење на капацитетите на Платежната агенција со оваа евроатлантска енергија, со превземање на сите активности за забрзување на постапките и за овoј и за следните повици можеме само во еден повик да стигнеме во бројка на склучени договори или еднаква или поголема со склучените договори од претходните 12 огласи, изјави денеска министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

-Само на овој начин, со осовременување на земјоделското производство можеме да дојдеме до конкурентни производи, вели директорот на Платежната агенција, Николче Бабаков.

Николовски информираше дека со ИПАРД 2, Македонија од ЕУ доби 60 милиони евра за инвестиции и механизација во земјоделството. Сепак, земјоделците преку програмата имаат на располагаѓање 80 милиони евра, од кои 20 се од државниот буџет.