Бизнис
23. November 2016 - 20:32

Земјоделците да користат современи технологии за поголема конкурентност

Земјоделците мора да применуваат современи технолошки решенија за да бидат конкурентни на пазарот. Доколку не го трансформираат бизнисот,  нивната иднина е сосема неизвесна, истакнуваат надлежните од ИКТ секторот. Велат дека голем дел од производителите ги користат технологиите, како на пример паметните телефони, но НЕ за да го подобрат своето производство. Потребна е поголема информираност и нивно насочување како да ги искористат технолошките решенија .

Како пример за современо технолошко решение беше посочено наводнувањето со соларни системи кое веќе се применува во Србија.  Министерката за информатичко општетство истакна дека во изминатиот период државата има направено многу за замјоделството како дејност.

- Земјоделството како економска гранка зазема 11 проценти од БДП и тука се гледа целосниот потенцијал којшто оваа дејност може да го има во иднина. Но, неопходно е со помош на технолошките компании и добрите технолошки решенија да се оди напред, рече Арсовска – Томовска

Меѓу најважните фактори за оваа гранка, се механизацијата и наводнувањето. Државата досега покриваше половина од трошоците за набавка на машините и инсталирање на системите за наводнување.