Македонија
20. March 2020 - 17:10

Земјоделците бараат совети за соодветна заштита

Претставниците на сојузот синдикат на земјоделски производители од струмичко бараат насоки и мерки за заштита на земјоделците. Свесни се дека појавата на корона вирусот ќе предизвика сериозни штети и во овој сектор, но тоа што повеќе ги загрижува е како да го заштитат нивното здравје во вакви услови. Од сојузот велат дека овој период имаат интензивни активности на терен посебно рано градинарите,  работат во затворени простории како оранжерии и пластеници , а немаат никакви насоки од стручните лица дали препорачаните мерки и вообичаените средства за заштита што ги користат се доволни.  

Во делот на пласманот, посебно на раната зелка која треба да стаса за десетина дена  за сега не може да коментираат. Најави за откуп имало, традиционалните пазари остануваат отворени, но се ќе зависи од тоа како и на кој начин ќе биде организиран транспортот и транзитот на превозниците.