Македонија
10. јуни 2022 - 16:34

Земјоделците бараат поддршка од државата

Новите покачувања на цените, пред се на горивата дополнително ќе се одразат во земјоделскиот сектор. 

Земјоделците се жалат дека ваквата состојба станува неиздржлива. Производствените трошоци секојдневно им се зголемувале, а пласманот одел тешко и тоа со цени кои се на работ на рентабилноста. 

За земјоделските производители дополнителен проблем се дивите трговци кои производството го купувале евтино, а продавале со високи маржи. 

Од земјоделскиот инспекторат велат дека нивните инспектори се постојано на терен и ја следат состојбата. Апелираат до земјоделците за сите нерегуларности кои ќе ги регистрираат да ги пријават до нив за да може да се санкционираат прекршителите вклучувајќи ги и дивите трговци.