Земјоделци од гевгелиско добија картички за зелена нафта
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија, согласно владината мерка за поефтино гориво за механизација, беа доделени првите картички за зелена нафта на земјоделци од општините Гевгелија,Богданци и Дојран.
– Ова е голем проект од кој корист ќе имаат 1.579 земјоделци од споменативе три општини кои прв пат добиваат субвенционирана нафта за 30 отсто, кои како дел од трошоците ги покрива државата,велат од подрачната единица во Гевгелија, од каде се надеваат дека до крајот на месецот ќе бидат подигнати сите картички од страна на земјоделците.
Средствата на картичките за зелена нафта земјоделците треба да ги искористат најдоцна до крајот на април 2020 година поради што градоначалникот Сашо Поцков ги потсети земјоделците од гевгелиско, кои се уште не го подмириле долгот за закуп на државно земјиште, да постапат согласно договорите за закуп и да ги исполнат условите за користење на субвенционирана нафта за механизација.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба