Земјите од регионот разменуваат искуства за поголема вклученост на граѓаните во заедниците
![]()
Размена на искуства и добри практики во однос на воспоставување локална агенда за целите за одржлив развој, како и операционализација на принципот „никој да не биде запоставен” во земјите од регионот на Западен Балкан, се темите на дводневната конференција што се одржува во Скопје, а е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) преку проектот за Социјални права на ранливи групи.
– Многу луѓе ги напуштаат малите места и се селат во Скопје, а слично е и во сите земји во регионот. Истовремено, има уште една заедничка работа за регионот, а тоа е дека многу луѓе ги напуштаат своите земји да работат во странство. Кога ќе ги прашате зошто, велат едноставно перцепцијата за животот дома ги натерала на тоа. Ова може да се помени на локално ниво во самите заедници, во општините, рече Ото Граф, преставник на Германската амбасада во Скопје.
Важно е, додаде тој, да се размислува како може да се организира на локално ниво сите да се чувствуваат дека се вклучени и никој да не биде притиснат да го напушти своето место.
Втора важна работа, рече Граф, е земјите од регионот да ги споредат своите искуства, да бараат решениеја, бидејќи единствено ако регионот работи заедно граѓаните би биле привлечени да останат.
Преку проектот треба да се зајакне иновативен и соодветен пристап кон социјалната работа, подигнување на јавната свест и едукација за социјалните права, развој на решенија за долгорочно финансирање на локалните сервиси за ранливите групи, но и да се овозможи локалните самоуправи каде што се спроведува да имаат подобри информации за ранливите категории граѓани на нивна територија и да овозможат подобри услуги и нивна вклученост во заедницата.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
