Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим

Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран даночен режим, врз основа на одредбите од ставовите 6 и 7 на член 65 од Законот 4172/2013, за даночната 2024 година“ е објавена во Службен весник на Грција и потпишана од министерот и заменик-министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис и Димитрис Маркопулос.
Согласно одлуката, грчкото Министерство како држави кои имаат „привилегиран даночен режим“ ги определува оние држави во кои „правното лице или правниот субјект подлежи на данок на добивка, приходи или капитал, чија даночна стапка е еднаква или пониска од 60 отсто од даночната стапка на правните лица и правните субјекти што би ги должеле согласно одредбите на грчкото даночно законодавство“, доколку тие би биле даночни резиденти или би имале постојана деловна активност во Грција.
Врз основа на овој критериум, за даночната 2024 година, на грчката листа се наоѓаат 42 земји и територии, а од Европа освен нашата се и Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Монако, Унгарија, Ирска, Лихтенштајн и Молдавија.
Како што има објавено МИА во изминатите години, Македонија последователно е на листа со држави што Грција ги смета дека имаат привилегиран даночен режим.
МИА
Ново на Сител
-

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени
-

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода
-

Грчкото МНР: Нелегални се турските морски паркови во Егејското море и Источниот Медитеран
-

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
