Свет
30. September 2018 - 11:08

Земјата е целосно разорена, 832 мртви, илјадници заробени под урнатините: Ужасни слики по земјотресот и цунами во Индонезија

Најмалку 832 лица загинаа во силниот земјотрес и потоа покренатото цунами кое го погоди градот Палу на индонезискиот остров Сулавези.

Најновиот биланс на жртви го соопшти индонезиската национална агенција за ублажување на катастрофи.

 
Агенциајта истакна дека, според проценките, погодената област е поголема отколку што првобитно се мислело.
 

Многу луѓе се затрупани под урнатините на зградите, изјави на конференциајта за новинари портпаролот на агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо.

Нугрохо претходно изјави дека по земјотресот од 7,4 степни по Рихтерова скала во петкот се регистрирани над 170 последователни потреси.

Спасувачките екипи трагаат по луѓето затрупани под урнатините, а недостатокот на тешка машинерија и луѓе ја успорува работата.

Агенцијата Ројтерс наведува дека се очекува бројот на жртвите и натаму да расте.

Се верува дека десетици луѓе се заробени под урнатините на два хотели во Палу, град кој го погодија бранови со висина и до шест метри после земјотресот.

Порталот „Detik.com" објави дека во саботата една девојка е извлечена жива од под урнатините на хотелот „Роа Роа“. Сопственикот на хотелот верува дека под урнатините на хотелот се затрупани околу 60 луѓе.

Агенцијата АП наведе дека со воени и комерцијални авиони, вклучувајќи и хеликоптери, во загрозените области е упатена хуамнитарна помош.

Црвениот крст соопшти дека нема информации од Донгала и дека тоа е многу загрижувачки.

„Ова е веќе трагедија, но можеше да биде уште полошо“, наведува Црвениот крст.

Шефот на националната агенција за спасување рече дека спасителите кон таа област се упатиле со хеликоптер.