Земан: Македонија се справи со мигрантската криза подобро отколку некои од државите-членки на ЕУ
Република Македонија направи многу кога станува збор за справувањето со предизвиците наметнати со бегалската криза, дури и многу повеќе отколку некои држави членки на Европската унија. Тоа го истакна претседателот на Чешката Република Милош Земан пред медиумите денеска во Охрид, после средбата со неговиот домаќин, претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.
- Тука сум во Македонија за да ја изразам почитта и личното признание за начинот на кој македонскиот народ се справи мигрантската криза, притоа бранејќи ја не само својата туку и границата на Европа. Нашиот став е дека Република Македонија покажа далеку поголема одважност од некои од државите членки на ЕУ и НАТО и оттаму сакам да ја изразам потполната поддршка на Република Македонија за нејзина целосна евроатлантска интеграција, истакна Земан.
Претседателот Иванов од своја страна ја истакнал потребата од глобален и координиран ангажман и засилена соработка меѓу државите при справувањето со сите новонастанати предизвици, особено на безбедносните ризици и закани, притоа изразувајќи благодарност до претседателот Земан за целокупната поддршка што Чешката Република ја дава на Македонија во справувањето со бегалската криза - со присуството на чешки полицајци, како и со помошта во опрема за контрола на границата.
Што се однесува на македонските стгратешки цели – зачленувањето во ЕУ и НАТО, во разговорот со чешкиот гостин Иванов ја нагласил потребата од заживување на процесот на проширување на двете организации. Негова забелешка е дека интегрирањето на целиот регион во ЕУ и НАТО е од суштинско значење за регионалниот мир и стабилност, и најсоодветен одговор на сите предизвици како миграцијата и безбедноста, а воедно ќе придонесе и за зајакнување на демократските институции и економски развој.
- Сведоци сме дека статус-кво состојбата не донесе ништо добро. Напротив, блокирањето на европската и евроатлантската иднина придонесе и кон блокирање на политиките процеси и внатрешна стагнација во Македонија, рече Иванов, притоа изразувајќи уверување дека Чешката Република како докажан и принципиелен пријател и партнер ќе продолжи да ја поддржува Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.
Што се однесува на актуелната политичка криза во Македонија, претседателот Иванов со оценка дека предолгото чекање на Македонија за отпочнување на претпристапните преговори за членство во ЕУ независно од седумте последователни препораки, создава фрустрации и незадоволство, како кај граѓаните, така и во политичките кругови.
- Сите држави од регионот напредуваат во тој процес, додека Македонија нема добиено датум за почеток на преговори иако има седум препораки и исто толку позитивни извештаи од ЕУ, ниту покана за членство во НАТО и покрај што државата го води 17-тиот акциски план за членство, рече Иванов оценувајќи дека и доколку остане „статус-кво“ ситуацијата и после решавањето на актуелната политичка криза, постојат услови за слични состојби во иднина.
Чешкиот претседател рече дека не практикува да се меша во внатрешните политички работи на било која држава, особено не, како што рече, кога станува збор за пријателска земја каква што е Република Македонија, но забележа дека самото членство во ЕУ и НАТО не значи надминување на политичките кризи.
Претседателот Иванов на Милош Земан во Охрид му го врачи највисокото државно одликување на Република Македонија, Орденот „8 септември“, како израз на благодарност до него лично, но и и до чешкиот народ и држава, и до сите претходни чешки лидери за сета досегашна поддршка и помош.
Посетата на високата чешка делегација продолжува и утре со Македонско-чешкиот бизнис форум, како можност за остварување контакти на стопанственици на двете држави, во насока на интензивирање и унапредување на економската соработка за која обострана оценка дека не е на нивото на условите и постојниот потенцијал.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница