Земај: Состојбата со Ковид-19 во Косово е под контрола
Вршителот на должноста министер за здравство на Косово, Арменд Земај изјави дека состојбата со пандемијата на Ковид-19 во земјата е под контрола и не е забележана некаква загрижувачка тенденција, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната срредба со Комитетот за координација и оценка на ситуацијата со Ковид-19, Земај истакна дека последните две недели има опаѓање на бројот на позитивни случаи, како и на бројот на починати како последица на заразата.
– Во последните две недели, од 7 до 20 февруари, забележани се 4.121 позитивен случај, додека 49 случаи завршиле со смрт, што изнесува 1,18 отсто од бројот на новозаболени. Досега се регистрирани 1,572 смртни случи, што е 2,3 отсто од бројот на заразени. Епидемиолошката ситуација со Ковид-19 во Косово покажува симболичен пад на случаите последните две недели за 1,16 отсто, но со можност да почне да се зголемува бројката на позитивни случаи во текот на оваа недела. Имаме намалување на пријавените смртни случаи за 36,7 отсто, рече Земај.
Тој изјави дека се прават напори за обезбедување на вакцини против Ковид-19, но овој пат не спомна датум кога тие се очекуваат да пристигнат во земјата. Во наредниот период се очекува зголемување на бројот на заразени, како последица на непочитувањето на антиковид мерките на партиските собири во кампањата за парламентарните избори што се одржаа на 14 февруари.
Поради тоа, минисерот Земај најави дека е можно да се вратат некои од рестриктивните мерки, кои беа укинати пред дваесетина дена. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, коронавирусот досега е откриен кај 66.380 од вкупно 285.900 лица тестирани со методот РТ-ПЦР. Заклучно вчерашните официјални податоци, како последица на болеста починале 1.752 лица, излекувани се 58.169 од заразените, а активни носители на вирусот се 6.639 лица.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите