Зеленски за руските напади врз украинските енергетски постројки: Потребна е решителна акција од сојузниците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да одговорат со конкретни мерки на масовниот руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.
-Не се потребни празни зборови, туку решителна акција – од страна на Соединетите Американски Држави, Европа и Г7 – преку испорака на системи за противвоздушна одбрана и спроведување на санкции, се наведува во соопштението на Зеленски објавено на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Русија лансирала повеќе од 450 дронови и над 30 ракети во нападот кој предизвика прекин на електричната енергија во источниот дел на Киев.
Министерството за енергетика на Украина соопшти дека низ целата земја „Русите изведуваат масовни удари врз украинската енергетска инфраструктура“.
Според украинските власти, седумгодишно дете загинало, а три лица се повредени во руските напади во областа Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев.
МИА
Ново на Сител
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-

МВР: Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
-

Сообраќајка во Битола, повредено 17-годишно момче
