Свет
26. February 2022 - 21:41

Зеленски за германското оружје: Продолжи така, канцелару Шолц

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не го криеше своето воодушевување за одлуката на германската влада да испрати оружје од германските залихи во Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека Германија ќе и достави на Украина илјада парчиња противтенковско оружје и 500 противвоздушни ракети „Стингер“.

„Германија штотуку објави дека ќе не снабдува со противтенковски ракетни фрлачи и стингери. Продолжи така, канцелару Шолц“, напиша Зеленски на Твитер.

„Антивоената коалиција на дело“, додаде тој.