Зеленски: Украина со сигурност ќе одговори за руските напади врз Одеса
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина сигурно ќе им одговори на руските терористи за нападите што ги извршија врз Одеса, пренесе Укринформ.
Зеленски ова го кажа на својот канал на Телеграм, каде што објави и фотографии на кои се прикажани последиците од последниот масовен ракетен напад врз градот.
„Ракети против мирни градови, против станбени згради, против катедрала… Не може да има оправдување за руското зло. Како и секогаш, ова зло ќе изгуби. И сигурно ќе има одмазда за руските терористи за Одеса. Тие ќе ја почувствуваат оваа одмазда“, напиша Зеленски.
Тој појасни дека им се дава помош на сите погодени од овој терористички напад, еден од многуте во последните денови.
Зеленски изрази благодарност и до сите кои им пружаат помош на жителите на Одеса, како и до сите кои се со Одеса во своите мисли и молитви.
„Ќе се справиме со ова. Ќе го вратиме мирот. А за тоа мора да го победиме руското зло“, напиша украинскиот претседател.
За време на последниот ракетен напад, во текот на ноќта, руските сили го погодија регионот Одеса со најмалку пет типа ракети – „Калибар“, „Оникс“, Х-22, „Искандер-К“ и „Искандер-М“, потсетува Укринформ.
Според првичните податоци, за кои потврди гувернерот на областа, Олех Кипер, во ночешните напади загинало едно лице, а 22 се повредени.
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
