Зеленски: Украина повеќе нема со својот суверенитет да плаќа за илузорните ветувања за мир
Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, на прославата на Денот на ветераните на Украина рече дека неговата земја повеќе нема да плаќа со иднината на своите деца и нејзиниот суверенитет за „илузорните ветувања за мир“.
-Денес, модерните генерации Украинци, вие и сите оние кои сега ја бранат нашата земја и народ, нашата слобода и независност, имаме можност да постигнеме повеќе отколку што можевме досега.
Нашата одбрана на Украина од руската инвазија се заснова на историски најголемото единство на нашето општество досега. За единството што го цениме.
Украина ужива историски најголема поддршка во светот. И никогаш повеќе Украина нема да плати со иднината на своите деца, нејзиниот суверенитет и својата волја за илузорни ветувања за мир.
Украина донесе историски заклучоци, нагласи Зеленски.
Зеленски на војниците им додели награди, а на воените единици почесни титули, почести и борбени знамиња, а учествуваше и на заклетвата на студентите на Воената академија.
Прославата на Денот на ветераните на Украина се одржа во Националниот историски и архитектонски музеј на Киевска Фортеција (Киевска тврдина).
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
