Зеленски: Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Украина годинава ќе отвори канцеларии во Берлин и Копенхаген за заедничко производство на оружје и извоз до трети страни, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски.
Киев ја проширува домашната одбранбена индустрија со помош на западните партнери, додека четврта година се брани од руската агресија.
Зеленски најави дека Украина ќе може да извезува поморски беспилотни летала и артилериски системи.
-Станува збор за заедничко производство и извоз на оружје што можеме да си го дозволиме да го продадеме, за да имаме повеќе пари за нашето внатрешно производство на дефицитарно оружје, што не можеме да си го дозволиме, посочи Зеленски.
Украина сè уште зависи од своите сојузници за оружје како што се борбени авиони и системи за воздушна одбрана, но постигна напредок во развојот на беспилотни летала и ракети.
Зеленски посочи дека Украина планира до крајот на годината да почне со масовно производство на ракетите Фламинго и Рута.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
