-->
-->
Зеленски: Украина е подготвена да почне контраофанзива
-->
Украина е подготвена да започне контраофанзива со цел да ги врати териториите окупирани од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју објавено денеска за Волстрит џурнал.
„Силно веруваме дека ќе успееме...Не знам колку време ќе потрае. Ако треба да бидам искрен, тоа може да се направи на различни начини. Ние сме подготвени и ќе го направиме тоа“, посочува Зеленски.
Киев се надева дека со својата контраофанзива ќе ги врати окупираните територии и ќе ја промени динамиката на војната.
Минатиот месец Зеленски рече дека Украина ќе почека додека не добие повеќе оклопни борбени возила од Западот пред да ја започне својата контраофанзива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
