-->
-->
Зеленски: Руските војници кои пукаат во или од нуклеарната централа Запорожје стануваат посебна цел
-->
Украина е фокусирана кон руските војници кои пукаат во заземената нуклеарна централа на југот на земјата или ја користат како база од која се пука, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за бројните неодамнешни инциденти со гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, која е најголема во Европа. Руските трупи ја зазедоа нуклеарката на почетокот на руската инвазија на Украина.
„Секој руски војник кој или пука во централата или пука користејќи ја нуклеарната централа како покритие, мора да разбере дека станува посебна цел за нашите разузнавачки агенти, за нашите специјални служби, за нашата војска“, рече Зеленски во своето полноќно видео обраќање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори