Свет
3. March 2022 - 12:00

Зеленски: Русиja ќе ја плати сметката за сите штети во Украина

Украинскиот претседател Владимир Зеленски им вети на Украинците дека ќе се плати штетата врз инфраструктурата во зенговата земја предизвикана од инвазијата на руските сили и дека цената за тоа ќе ја плати Москва.

-Ќе ја вратиме старата состојба на секоја куќа, секоја улица, секој град и на Русија и кажуваме: Научете го зборот репарации и отшета. Ќе ни вратите во целост се што направивте против нашата земја, против секој Украинец, рече Зеленски во видео порака.