Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе ДПА.
„За жал, светот не слушна суштински одговор од Русија на предлогот [за прекин на огнот] веќе цел ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претходно, тој изјави дека бил „детално“ информиран од украинската преговарачка делегација која се вратила од дискусиите со претставници на САД во Саудиска Арабија. „Ова уште еднаш го потврдува фактот дека токму Русија настојува да ја продолжи војната и се обидува максимално да го одложи доаѓањето на мирот“, рече тој.
Зеленски изрази надеж дека притисокот од САД ќе биде доволен за да ја натера Русија да ја прекине војната.
За време на преговорите со американската делегација во пристанишниот град Џеда, Киев се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
Претставниците на Москва досега изразија скептицизам во однос на овој предлог.
Специјалниот пратеник на САД, Стивен Виткоф, денеска пристигна во Русија за разговори по ова прашање.
Ново на Сител
-
Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд
-
Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци во Србија
-
Byчиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
-
Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани
-
Протест во Кочани
-
Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа