Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека со секретарот на Советот за национална безбедност (РНБО), Рустем Умеров, и со раководителот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, разговарал за подготовките за нов состанок со руската страна во Истанбул.
Зеленски нагласи дека Украина е подготвена за средба на ниво на лидери, ако Русија е навистина решена да ја заврши војната на достоинствен начин и да воспостави долгорочен мир.
-Разговарав со секретарот на РНБО на Украина, Рустем Умеров, и со раководителот на Кабинетот, Андриј Јермак, за текот на преговорите, односно за спроведувањето на договорите со руската страна од претходните состаноци во Истанбул и за подготовките за нов состанок, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, клучните прашања опфаќаат продолжување на размената на воени заробеници.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
