Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД за неговиот став дека Киев никогаш не може да ја признае руската контрола на полуостровот Крим.
– Емоциите денеска беа разбранувани. Но, добро е што петте земји се сретнаа за да се приближи мирот. Американската страна ја сподели својата визија. Украина и другите Европејци ги претставија своите. И се надеваме дека ваквата заедничка работа ќе доведе до траен мир, напиша Зеленски на платформата Икс по разговорот.
Во својата објава, Зеленски рече дека Украина „секогаш ќе постапува во согласност со нејзиниот устав и ние сме апсолутно сигурни дека нашите партнери, особено САД, ќе постапат во согласност со нивните цврсти одлуки“. Тој приложи копија од изјавата на тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео од 2018 година за време на првиот мандат на Трамп како претседател – во која се повикува Русија да ја прекине окупацијата на Крим и да го одржи принципот дека границите не треба да се менуваат со сила.
Разговорите меѓу американски, украински и европски претставници во Лондон вчера за ставање крај на руската војна во Украина беа ставени на втор план откако американскиот државен секретар Марко Рубио ненадејно го откажа патувањето во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари