Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со цел унапредување на мировните преговори, истовремено повикувајќи го Вашингтон да воведе нови санкции против Москва.
„Подготвени сме за форматот Трамп-Путин-јас“, се наведува во изјавата на украинскиот претседател, која до утрово беше под ембарго за објавување, јави Бета.
– Ако на Путин не му одговара билатерална средба, или ако сите сакаат трилатерална средба, тоа не ми пречи. Подготвен сум за кој било формат, додаде тој.
– Очекуваме санкции од САД против енергетскиот сектор и банкарскиот систем на Русија, бидејќи Москва сè уште не го прифатила предлогот за прекин на огнот, додаде Зеленски.
Тој рече дека Русија распоредува повеќе од 50.000 војници во близина на североисточната украинска област Суми, подготвувајќи се за можна офанзива на пограничната територија. Москва претходно најави дека сака да создаде „тампон зона“ за да спречи упади од Киев.
– Во моментов трупаат војници во правец на Суми. Повеќе од 50.000, рече Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека Русија сака да ги протера украинските трупи од својот регион Курск, кој се наоѓа преку границата, и да подготви офанзива на Сумската област.
Ново на Сител
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
