Зеленски предлага формален меѓународен договор за надомест на штетата со конфискација на рускиот имот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера предложи да се воспостави формален договор со сојузничките земји за обезбедување компензација од Русија за штетата што нејзините сили ја предизвикаа за време на војната.
Зеленски, кој вели дека Русија се обидува да уништи што е можно повеќе од инфраструктурата на Украина, кажа дека таквиот договор ќе покаже дека државите кои планираат агресивни дејствија ќе мора да платат за нивните потези.
-Ги повикуваме земјите партнери да потпишат мултилатерален договор и да создадат механизам што ќе гарантира дека секој што претрпел штета од руските дејствија може да добие компензација за сите направени загуби, рече Зеленски во редовното ноќно онлајн обраќање до граѓаните на Украина.
Според него, според таков договор со земјите потписнички рускиот имот и пари би биле конфискувани и насочени во посебен фонд за компензација.
-Тоа би било исправно. И Русија би ја почувствувала тежината на секоја ракета, секоја бомба, секоја граната што падна врз нас, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице од Франција кое во неговата земја е пријавено за исчезнато
-
Набавувал хероин кој со брза пошта му бил доставуван во затвор па го препродавал
-
Искуство во Дизниленд Париз: Како Ладна преку својот ликовен конкурс го оствари сонот на децата
-
Судан пријави епидемија на колера, регистриран е 21 смртен случај
-
Ковачевски: Опозицијата има стратегија на постојана блокада, министерот за правда утре во детали ќе го појасни предложениот закон за амнестија
-
Бектеши: На трговците со овошје и зеленчук македонскиот пазар да не им биде резерва за снабдување
-
Познати детали од договорот на Гатузо со Марсеј
-
МОН: Годинава се обезбедени и дистрибуирани 1,4 милиони учебници